
Поранешниот дефанзивец на Вардар, Марио Младеновски, кој има еден настап и во националниот тим на Македонија, од данскиот второлигаш Фремад Амагер се пресели во Ботев Пловдив. Тој, како што известуваат бугарските медиуми, доаѓа во пакет со тренерот Азрудин Валентич.
Марио Младеновски изминатата полусезона одигра пет натпревари за Фремад, има 20 години и е еден од најталентираните млади македонски фудбалери. Тој замина од Вардар поради беспарицата и хаотичната состојба, беше на проба во Динамо Киев, но на крајот стави потпис на договор со Фремад. Сега се сели во Бугарија и ќе го носи дресот на Ботев Пловдив.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal