
Германскиот интернационалец Марио Геце се враќа во Бундес – лигата. Стрелецот на победничкиот гол за Германија во финалето на СП 2014 ќе го носи дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
Тој веќе ги договорил личните услови со освојувачот на трофејот во Лига Европа, а неговиот сегашен клуб ПСВ Ајндховен ќе добие 4 милиони евра.
Раководството на Ајнтрахт даде зелено светло за финализирање на зделката. Фудбалерот одбил уште неколку понуди да се врати во татковината, каде играше за Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
За тимот на ПСВ, Геце запиша вкупно 77 натпревари на кои постигна 18 гола и исто толку асистенции. Неговиот договор со ПСВ е до 2024 година, но Ајнтрахт ќе ја активира отштетната клаузула вредна 4 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal