Менaџерот на Челси, Енцо Мареска, соопшти дека Рахим Стерлинг и Бен Чилвел се отстранети од тимот и немаат иднина на „Стемфорд бриџ“.
Како што е познато, Мареска не смета на тандемот на искусни играчи и тие се ставени на трансфер листата, но нивната потрага по нови клубови не оди баш најдобро.
„Не би рекол дека сум суров, туку дека сум директен и искрен. Разговарав со Рахим пред натпреварот со Сити и му кажав како ги гледам работите и дека ми се потребни различни профили на играчи. Оттогаш не сме се виделе, тој тренира одвоено од тимот. Не работам со 42 играчи, туку со 21. Останатите тренираат одвоено и не ги гледам. Не е толку хаотично како што изгледа од страна. Може да имаат и 20 години долги договори, не ми е гајле“, изјави Мареска.
Покрај Стерлинг и Чилвел, на листата за заминување се и Ѓорѓе Петровиќ, Трево Чалоба, Чуквуемека, Ромелу Лукаку, Армандо Броја, Кепа Аризабалага…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













