
Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, зборуваше по победата од 4-2 над Гент во Конференциската лига. Тој изјави дека неговиот тим има многу сегменти во кои треба да се подобри.
„Добро издание. Натпреварот не беше лесен, но ние се подготвивме многу добро. Штета што на крајот примивме втор гол, можевме да го избегнеме“, рече Мареска.
„Секој натпревар е тежок. Имаме многу на што да работиме. Треба и подобро да напаѓаме и подобро да се браниме. Нема правило кое вели дека фудбалерите кои играа сега нема да бидат вклучени во следниот натпревар“, објасни Италијанецот.
„Одлично го познавам Дјусбери-Хол. Свесен сум дека е тешко кога си бил клучен играч во претходниот клуб, а потоа да одиш во друг каде што играш поретко. Тоа е тежок процес, и затоа многу ми е драго за Киран“, истакна Мареска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal