Connect with us

Мареска: Челси не е фаворит на дуелот против Флуминенсе

Флуминенсе е ривалот на Челси на патот кон големото финале на Светското клупско првенство. Тренерот Енцо Мареска нема да располага со суспендираните Лијам Делап и Леви Колвил, како и со повредениот Ромео Лавија, но останува оптимист и уверен во квалитетот на тимот.

„На последниот меч не можевме да сметаме на Лавија, Каиседо и Рис Џејмс, но успеавме да најдеме добри решенија во средниот ред. Сега, во офанзивата, Жоао Педро е целосно подготвен, исто и Нико Џексон“, изјави Мареска.

Италијанецот има голема верба во Жоао Педро, кој беше ангажиран од Брајтон за 70 милиони евра. Тој го гледа како играч што може да биде корисен на повеќе позиции во нападот. Воедно, Мареска ја потенцира важноста од рамномерна распределба на головите.

„Повеќе ми одговара кога повеќе фудбалери постигнуваат по 10 до 12 голови, отколку да се потпираме на еден кој ќе даде 40.“

Жоао Педро веќе дебитираше против Палмеирас, а сега се очекува првпат да започне од првата минута против уште еден бразилски противник. По групната фаза и поразот од Фламенго, како и четвртфиналната победа над Палмеирас, Мареска предупреди на тежината на предизвикот кој следува.

„Бразилските екипи имаат многу одиграни натпревари сезонава, додека ние веќе одигравме 63. Иако сме во различна фаза од сезоната, мотивацијата за победа е иста.“

Тој нагласи дека Челси оди на победа, без разлика што противникот е незгоден:

„Знаеме колку значи мечот за Флуминенсе, но ние сме тука со цел да стигнеме до финалето.“

Мареска додаде дека последниве недели внимателно анализирал бројни натпревари од бразилското првенство и особено го издвои тренерот Ренато Гаучо, поранешниот стратег на Гремио.

„Гледав многу натпревари од периодот кога Ренато беше во Гремио. Тој има свое фудбалско визија и богатo искуство. Флуминенсе има квалитетни играчи како Аријас и Кано.“

„Во оваа фаза нема изразен фаворит – секој натпревар е тежок. Секој што стигнал до тука го заслужил тоа.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови