
Смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона и понатаму е тема на истрага во Аргентина, а последните докази наведуваат дека сепак починал од медицинска негрижа. По неговата смрт беше отворена истрага за расветлување на случајот, а сега се објавени и нови детали според кои докторите би можеле да добијат затворска казна.
Резултатот од дополнителниот извештај за смртта на Марадона ќе се достави до аргентинското обвинителство, а медиумите во Аргентина пишуваат дека личниот доктор на Марадона, Леополдо Луке, и медицинската сестра Агустина Косачев направиле голема грешка.
Извештајот покажал дека Марадона починал од срце и хронични проблеми кои ги имал со бубрезите и црниот дроб. Како што се наведува, докторите не посветиле доволно внимание во текот на рехабилитацијата и тоа предизвикало смрт кај легендарниот фудбалер.
Ако ова биде докажано и низ судска постапка, Леополдо Луке и Аугустина Косачев би можеле да добијат затворска казна од 8 до 25 години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal