
Фудбалерите на Брегалница по пласманот во осминафиналето од Купот на Македонија и победата над Воска Спорт, комплетно се насочуваат на новите прволигашки предизвици и пресметката со Тиквеш в недела на Градскиот стадион во Штип.
Составот на Марјан Секуловски посакува триумф против Тиквеш за приклучок кон првата половина од табелата во елитното друштво. Тоа го потенцира и левиот бек, Михаил Маневски.
„Желбата секако е победа како би имале приклучок кон горниот дел од табелата. Свесни сме дека ќе биде повторно еден цврст, тежок, дуел какви се сите оваа сезона во Првата лига, но знаеме и дека можеме и треба да ги освоиме трите бода. Тиквеш ќе допатува во Штип силно мотивиран за бодови, па затоа мора максимално сериозно да пристапиме на натпреварот. Ако ги исполниме сите зададени задачи од стручниот штаб, онака како што треба на терен, знам дека позитивниот резултат нема да изостане“ – вели Маневски.
Натпреварот меѓу Брегалница и Тиквеш на Градскиот стадион во Штип се игра во недела (19. септември) со почеток од 15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
