
Брегалница ја очекува второ последовно гостување во Првата македонска фудбалска лига. По ремито против Струга ТЛ, сега штипскиот прволигаш ќе гостува кај Македонија ЃП, тимот кој со две победи го стартуваше пролетниот дел од сезоната.
Младинскиот репрезентативец Јован Манев верува дека на утрешниот натпревар во Ѓорче Петров, тимот на Брегалница ќе одигра максимално квалитетно во желбата за позитивен резултат.
„Одигравме добар натпревар во Струга, беше тоа тешко гостување на кое победата ја испуштивме на крајот. Сега не очекува уште едно тешко гостување во Ѓорче Петров против Македонија ЃП, тим кој е навистина одличен и максимално го почитуваме. Но, мора да дадеме се од себе за позитивен резултат. Свесни сме дека имаме квалитетен тим кој може да се надигрува со секого, и тоа треба да го покажеме на терен на утрешниот натпревар“, вели Манев.
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Брегалница се игра утре, со почеток од 14 часот на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
