Младинскиот репрезентативец Јован Манев се враќа во составот на Брегалница за денешниот последен есенски натпревар во Првата фудбалска лига и гостувањето против Тиквеш во Кавадарци.
Манев, поради жолти картони, паузираше на натпреварот против Работнички во Штип на кој отсуствуваа и Мојсов, Додев, Муарем…
„Посакуваме со позитивен резултат да ја завршиме есента иако сме свесни дека ќе биде повеќе од тежок натпревар во Кавадарци. Мора сериозно да пристапиме на натпреварот. Ни недостасуваат голем број играчи, но лично верувам дека можеме до бодови од дуелот против Тиквеш кој навистина има тим за почит“ – вели Манев.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Брегалница на Градскиот стадион во Кавадарци се игра денеска со почеток од 13 часот и е премиерен во 18. коло од македонскиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













