
Садио Мане за првпат отворено потврди дека навистина би можел да го напушти Ливерпул ова лето. На собирот на репрезентацијата на Сенегал пред квалификациите за Купот на нации, новинарите го прашуваа Мане за неговата иднина, а напаѓачот на Ливерпул изјави дека размислува за заминување.
„Слушнав дека 60 или 70% од Сенегалците сакаат да си заминам од Ливерпул. Ќе биде како што сака народот“, изјави Мане.
Баерн Минхен летово ќе остане без Роберт Левандовски и бара негова замена, а наводно идеално решение го гледа 30-годишниот Сенегалец. Баерн беше подготвен да плати 35 милиони фунти, но медиумите на Островот пишуваат дека Ливерпул ја подигнал цената на 42,5 милиони фунти и дека преговорите се во тек.
Тој пристигна во Ливерпул во 2016 година од Саутемптон за 41 милион евра и постигна 120 гола на 269 натпревари, со 48 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
