Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, најави заминување од клупата на „аѕурите“ по Светското првенство во Катар следната година. Тој вели дека сака да му се врати на клупскиот фудбал.
„Нема да бидам селектор на Италија по Светското првенство во Катар 2022 година. Сакам да се вратам на клупскиот фудбал. Сепак, постојат многу тренери кои би можеле успено да ја предводат Италија. На пример, Алегри, Анчелоти, Гасперини, би можеле да бидат одлични селектори“, изјави Манчини.
Тој успеа да го подмлади националниот тим и да создаде селекција за која се верува дека може да оствари голем успех и на претстојното Европско првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













