Репрезентацијата на Шпанија синоќа ја победи Италија со 1-2 на „Сан Сиро“, со што ја прекина серијата од 37 натпревари без пораз на „аѕурите“, но, сепак многу потешко од сите други му беше на голманот Џанлуиџи Донарума. Тој беше дочекан од навивачите со навреди, погрдни транспаренти и свирежи, затоа што изминатото лето го напушти Милан и потпиша за ПСЖ.
Навивачите на Милан не му простија и веројатно никогаш нема да го направат тоа, а тоа го покажаа јасно уште пред натпреварот кога оставија навредливи транспаренти за Донарума низ градот.
Штом Донарума ја допре топката првпат на натпреварот со Шпанија, од трибините имаше заглушувачки свирежи на лутите навивачи и истото се повторуваше во текот на целиот натпревар.
„Секако дека на Џанлуиџи тоа не му се допадна, а ниту на било кој Италијанец. Вечерва играше Италија, а не некој клуб. Можеа да го прескокнат тоа за овој натпревар и да го зачуваат за натпреварот меѓу ПСЖ и Милан. Претпоставувам дека Италија треба да биде над се”, коментираше селекторот на Италија, Роберто Манчини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal