
МАКФУДБАЛ во Палермо,
Тие се европски прваци. Но, не се живее на стара слава во фудбалот, дури и ако се работи за само неколку месеци разлика. Го увидоа тоа „аѕурите“ и во завршницата од мундијалските квалификации. Делуваа самоуверено, а на крајот, по нереализираните пенали на Жоргињо против Швајцарија извисија за директен пласман на СП во Катар.
Селекторот Роберто Манчини во пресрет на вечерашниот бараж натпревар против Македонија се надева дека Италија ќе го врати победничкиот дух од ЕВРО 2020.
„Италија знае да игра фудбал и знаеме што треба да направиме. Без еуфорија, мирно и фокусирано, да одиграме добар натпревар и да ја победиме Македонија. Верувам дека овој тим ќе биде на истото ниво како и на Европското првенство. Поминаа само неколку месеци и тоа безмалку истата група“, вели Манчини.
Италијанскиот страгег воопшто не ја потценува Македонија. Вели дека играме квалитетен фудбал, знаеме добро да се браниме и мора да сме добри, штом сме ја победиле Германија.
„Нема фаворити, посебно не на вакви мечеви. На еден дуел се решава се. Нема место за грешки. Македонија е квалитетен тим, умее добро да се брани, цврсти се во одбраната, а знаат да зададат противудар. На таков начин ја победија Германија“, истанува Манчини.
Атмосферата се загрева, фановите се собираат на главниот плоштад во Палермо, ќе биде ова возбудлива вечер. И само еден на крајот ќе се радува…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
