
Фудбалската репрезентација на Италија ќе биде комплетно вакцинирана во пресрет на почетокот на Европското првенство. Селекторот Роберто Манчини побара од италијанските власти да го имунизираат комплетниот погон кој ќе ги претставува „аѕурите“ на европскиот шампионат.
Во текот на денешниот ден, фудбалерите, стручниот штаб, лекарскиот тим и администрацијата која се грижи за репрезентацијата на Италија, ќе ја примат првата доза од вакцината „Фајзер“. Според овој план, италијанските репрезентативци на 24 мај треба да ја добијат и втората доза од вакцината и комплетно да стекнат имунитет за да немаат проблеми со Ковид-19 во текот на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal