Фудбалската репрезентација на Италија оствари триумф (0-2) на гости против Бугарија и има успешен старт на квалификациите за СП 2022 година, со две победи на два меча. Претходно „аѕурите“ ја совладаа и Северна Ирска со 2-0 на домашен терен.
Роберт Манчини е на чекор да го израмни рекордот на Марчело Липи како селектор на Италија. Триумфот против Бугарија беше 24. меч без пораз за неговата селекција и му недостига само уште еден натпревар без да загуби за да го израмни ефектот на Марчело Липи, кој од 2004 до 2006 година забележа 25 натпревари без пораз и ја освои титулата на Светското првенство во Германија.
На овие 24 натпревари без пораз, селекцијата на Италија предводена од Роберто Манчини победи 18 пати, а на последните 14 натпревари прими само три гола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski