
Манчестер Сити постигнал принципиелен договор со напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, за негов трансфер на „Етихад“. „Граѓаните“ се заинтересирани веднаш да го доведат 25-годишниот Египќанец, но прво треба да се договорат со германскиот клуб околу трансферната сума.
Според „Скај Спортс“, Ајнтрахт бара 80 милиони евра за својата ѕвезда, додека Манчестер Сити и претставниците на Мармуш сметаат дека реалната цена е меѓу 50 и 60 милиони евра. Се очекува Сити да ја испрати својата прва официјална понуда веќе овој викенд.
Омар Мармуш може да игра на сите три напаѓачки позиции, што многу му се допаѓа на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. Оваа сезона тој има постигнато 18 голови и 11 асистенции во сите натпреварувања. Според неговиот голгетерски придонес, тој е втор само по својот сонародник Мохамед Салах меѓу сите играчи од петте најдобри лиги во Европа.
Доколку трансферот се реализира, Мармуш би станал значајно засилување за напаѓачката линија на Манчестер Сити и дополнителна опција за тактичка флексибилност на Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
