
Англискиот шампион Манчестер Сити подготвува изненадувачка понуда за дефанзивец од Јувентус, информираат во Италија.
Пеп Гвардиола и неговиот тим се заинтересирани за десниот бек Николо Савона, а „граѓаните“ ќе направат сѐ што е можно да го обезбедат неговиот потпис уште во зимскиот трансферен прозорец.
Одбраната на Сити оваа сезона е кошмарна. „Граѓаните“ примија вкупно 27 гола – повеќе од било кој друг тим во топ 6 на Премиер – лигата.
Изгледа дека клубот исто така се подготвува за можен заминување на искусниот Кајл Вокер, кој најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија, ако не во јануари, тогаш речиси сигурно по завршување на сезоната.
Не се наведува дали Јувентус е подготвен да се раздели со талентот и по која цена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal