Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити одблиску до следи развојот на настаните околу Серхио Рамос и неговите преговори со Реал Мадрид. Менаџерот Пеп Гвардиола би сакал да го има Рамос во тимот следната сезона. „Граѓаните“ се подготвени да му дадат фантастична плата од 20 милиони евра по сезона и двегодишен договор доколку тој одлучи да дојде на „Етихад“ како слободен агент.
Реал Мадрид одолговлекува во преговорите со капитенот, засега му нуди продолжување на соработката за само една сезона и тоа со намалена плата од актуелната. „Кралевите“ одлучија да му понудат 10 милиони евра за едногодишен договор.
Серхио Рамос сака најмалку двегодишен договор и тука се кршат копјата, а Манчестер Сити ја следи ситуацијата и се надева дека ќе може да го искористи одложувањето на потписот на елитниот шпански дефанзивец. Неговиот брат, а воедно и агент, Рене Рамос, објави дека од 1 јануари Серхио Рамос е слободен да води преговори со сите заинтересирани клубови, со оглед дека договорот со Реал Мадрид му истекува на 30 јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













