Манчестер Сити е во завршна фаза за реализација на трансферот на 18-годишниот дефанзивец на Палмеирас, Витор Реис. „Граѓаните“ се подготвени да понудат околу 33 милиони фунти (приближно 40 милиони евра) за Бразилецот, со можност за вклучување на бонуси.
Англискиот клуб веќе постигнал договор со играчот и брза да го реализира трансферот поради желбата на Пеп Гвардиола да се приклучи на тимот во јануари.
Ако трансферот се оствари, Витор Реис ќе стане најскапиот централен дефанзивец во историјата на бразилскиот фудбал, престигнувајќи го Лукас Бералдо, кој беше продаден од Сао Пауло во ПСЖ во 2023 година за 20 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













