Connect with us

Манчестер Сити ќе истресе огромни пари и ќе го купи Ерлинг Халанд

Манчестер Сити најверојатно излезе победник во трката за норвешкото голгетерско чудо и во летниот преоде рок ќе го купи Ерлинг Халанд, тврдат медиумите на Островот. „Граѓаните“ му нудат петгодишен договор и годишна плата од 30 милиони евра, а неговиот агент Мино Раиола ќе добие неверојатна провизија од дури 70 милиони евра. Дел од оваа сума ќе оди кај таткото на Халанд, Алфа Инге.


Халанд дојде во Борусија Дортмунд во зимскиот преоден рок во 2020 година од Салцбург за само 20 милиони евра. Оттогаш, тој одигра 84 натпревари за клубот од Дортмунд, на кои постигна 80 гола и забележа 22 асистенции.

Манчестер Сити ќе треба да ја плати и отштетата од 75 милиони евра за Борусија Дортмунд, кога е фиксна ставка во договорот на фудбалерот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови