Англискиот шампион Манчестер Сити започна разговори со својот напаѓач Ерлинг Халанд за нов договор и по сѐ изгледа дека двете страни не се далеку од нов „дил“. Агентката на Норвежанецот, Рафаела Пимента, и раководството на „граѓаните“ веќе одржаа неколку состаноци и сѐ укажува на тоа дека напаѓачот може да го обнови и подобри актуелниот договор.
Доколку договорот биде финализиран, Халанд ќе стане најплатениот играч на Манчестер Сити, но и во Премиер – лигата. Во моментов тоа е Кевин де Бруин.
Според информациите на Островот, под новите услови Норвежанецот ќе добива 24 милиони евра нето по сезона.
Актуелниот договор на Халанд со англискиот шампион е до 2027 година. Халанд пристигна во Манчестер Сити летото 2022 година за 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













