Connect with us

Манчестер Сити ја претстави младата аргентинска ѕвезда како ново засилување

Манчестер Сити и официјално го објави трансферот на Клаудио Ечевери од Ривер Плата. „Граѓаните“ ќе платат 12,5 милиони фунти, плус бонуси, за 18-годишниот талент. Тој веќе потпиша договор со Сити до јуни 2028 година, но всушност ќе се приклучи на тимот на Пеп Гвардиола за една година – во јануари 2025 година. Дотогаш тој ќе остане на позајмица во својот сегашен тим.


Вчера беше отворен трансфер периодот во Аргентина и англискиот шампион не губеше време за финализирање на зделката.

Ечевери, кој наполни 18 години на 2 јануари, беше капитен на репрезентацијата на неговата земја до 17 години, постигнувајќи 13 гола на 23 натпревари.

За првиот тим на Ривер Плата веќе има шест натпревари и една асистенција.

Талентот ги следи стапките на Хулијан Алварез, кој дојде во Сити токму од Ривер Плата во 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови