Connect with us

Манчестер Сити и Баерн Минхен во трка за Џорџо Скалвини

Англискиот шампион Манчестер Сити е заинтересиран за дефанзивецот на Аталанта Џорџо Скалвини. 19-годишниот фудбалер импресионираше со своите игри за тимот од Серија А.


„Граѓаните“ остануваат заинтересирани за неговите услуги и покрај тоа што претходно предност доби Јошко Гвардиол. Неговата вредност на трансфер пазарот изнесува 44 милиони фунти. Сепак, англискиот првак ќе има силна конкуренција и во Баерн Минхен, кој исто така го следи дефанзивецот.

Скалвини стартуваше на девет од десетте натпревари на Аталанта во сите натпреварувања досега оваа сезона. Тој е репрезентативец на Италија и досега забележа седум настапи за „аѕурите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови