Шпанскиот интернационалец Серхио Гомез е нов фудбалер на Манчестер Сити. Тој денеска потпиша четиригодишен договор со „граѓаните“ и треба да ја покрие левата бековска позиција по трансферот на Александр Зинченко во Арсенал.
Серхио Гомез е дете на Барселона кој замина во Борусија Дортмунд, но таму не се докажа, а потоа патот го водеше во Хуеска и во Андерлехт.
„Горд сум и среќен што дојдов во Манчестер Сити. Тоа еден од најдобрите клубови во светот, ќе имам шанса да учам од Пеп Гвардиола, еден од најдобрите тренери во светот. Се надевам дека брзо ќе се вклопам во тимот и заедно ќе освојуваме многу трофеи“, изјави Серхио Гомез на промоцијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













