
Манчестер Сити дефинитивно ќе го одбележи јануарскиот трансфер период. Омар Мармуш ќе биде трето засилување за „граѓаните“ оваа зима, бидејќи само детали го делат од заминувањето од Ајнтрахт Франкфурт на „Етихад“.
Манчестер Сити нуди 70 милиони евра, додека Ајнтрахт бара 80 милиони, што значи дека „граѓаните“ најверојатно ќе понудат дополнителни бонуси за да го затворат договорот во наредните 48 часа.
Се додава и дека Мармуш нема да биде во составот за натпреварот со Борусија Дортмунд и дека до викендот би можел да пристигне во Манчестер за медицински прегледи и потпис на договор до 2029 година.
Абдукодир Хусанов исто така ќе потпише во наредните 48 часа, веднаш штом ја добие работната дозвола, а по него ќе пристигне и Витор Реис од Палмеирас.
Сити ќе плати 40 милиони евра на Ленс за Хусанов, а исто толку и на Палмеирас за Реис. Пеп ќе добие млади стопери од 19 и 20 години, а се очекува Бразилецот да биде адаптиран и како десен бек или десен стопер во формација со тројца централни дефанзивци.
Кога ќе се собере сè, Сити ќе плати околу 150 милиони евра за ова трио, а таа сума може да се зголеми со бонуси во рамки на трансферот на Мармуш.
Може ли Пеп со овие потези да го врати Сити на врвот во Премиер-лигата во 2025 година?

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
