Манчестер Сити на стартот на сезоната ќе остане без Ејмерик Лапорт. Шпанскиот репрезентативец го оперираше коленото, откри менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
„Тој во август ќе биде надвор од тимот, тренинзите најверојатно ќе ги започне во септември. Засега добро се развива, но треба да внимаваме поради коленото. Потребно е време за рехабилитација“, изјави Гвардиола.
Медиумите го прашаа и за трансферот на Марк Кукуреља.
„Тој е играч на Брајтон. Ако е можно, ќе доведеме уште еден фудбалер. Ако не може, остануваме со овој тим. Жоао Кансело може да игра на левата страна во одбраната, како и Нејтан Аке. Не се жалам за составот. Во првата моја сезона во клубот се обидовме да ангажираме играчи и не успеавме да привлечеме никого. Оваа сезона не знам што се случува, но во првите неколку недели ја завршивме работата“, посочи шпанскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













