
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е подготвен во летниот преоден рок да му ја оствари големата желба на менаџерот Оле Гунар Солскјер и на „Олд Трафорд“ да го доведе капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш. Медиумите на Островот откриваат дека „црвените ѓаволи“ подготвиле понуда вредна 100 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед нуди 70 милиони фунти, плус Џеси Лингард да се пресели во Астон Вила. Лингард има одлични настапи откако замина на позајмица во Вест Хем, но тој е играч на Јунајтед. Солскјер е подготвен да го жртвува за да го добие неверојатниот Џек Грилиш.
Астон Вила минатото лето за својот капитен бараше 80 милиони фунти, но откако фудбалерот потпиша нов договор со тимот од Бирмнингем неговата отштета се зголеми. Грилиш е голема желба и на Ливерпул и на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal