
Динамо Загреб загуби од Вилјареал со 0-1 во првиот четвртфинален меч од Лигата на Европа што се одигра на „Максимир“. Аријан Адеми и Стефан Ристовски одиграа цел меч, а шпанскиот тим славеше со голот од пенал на Жерар Морено во 44.минута од дуелот.
Манчестер Јунајтед беше убедлив и победи со 0-2 на гости против Гранада. Маркус Рашфорд во 31.минута го доведе англискиот тим во водство, а Бруно Фернандеш го потврди триумфот во 90.минута.
Рома со 1-2 славеше на гости против Ајакс во Амстердам. Класен во 39.минута донесе предност за Ајакс, а Тадиќ не реализира пенал на почетокот на вториот дел. Потоа стигна казната. Лоренцо Пелегрини во 57.минута израмни на 1-1, а Ибањез во 87.минута се погрижи за пресврт.
Арсенал и Славија Прага ремизираа 1-1 на „Емирати“. Најинтересно беше во финишот. Николас Пепе во 86.минута донесе предност за Арсенал, а израмни Томаш Холес во судиското продолжение.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
