
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за полскиот напаѓач Роберт Левандовски. Тој има договор со Баерн Минхен до јуни 2023 година, но сака да си замине навреден од односот кон него.
Приоритет на Левандовски му е трансфер во Барселона, а предлозите од Англија се алтернатива, доколку не се реализира трансферот на „Камп Ноу“. Сериозен интерес за него има од Манчестер Јунајтед, но и Челси и ПСЖ.
Сопругата на Левандовски, Ана, е против негова преселба во Челси, бидејќи не сака да живее во Лондон. Прашање е дали воопшто размислува за Манчестер.
Полскиот напаѓач минатата сезона одигра 46 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања и постигна 50 гола, забележувајќи и седум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal