Манчестер Јунајтед ги израдува своите навивачи со победата од 3-0 против Лестер Сити, завршувајќи го периодот на Руд Ван Нистелрој на тренерската позиција на најубав можен начин. „Ѓаволите“ го отворија натпреварот со два гола на Бруно Фернандеш во првото полувреме, а победата ја запечати Алехандро Гарначо со прекрасен погодок во 82. минута.
Лестер имаше проблеми во дефанзивата и немаше можност да избегне пораз. Со ова, Јунајтед ја оствари четвртата победа во сезоната и сега има 15 бода. Во следното коло, тимот на Јунајтед ќе се сретне со Ипсвич, што ќе биде прв натпревар за новиот тренер Рубен Аморим.
Њукасл Јунајтед, иако имаше негатива на гостувањето кај Нотингем Форест, направи пресврт и победи со 1-3. За „чавките“ погодија Исак, Жоелинтон и Барнс, додека единствениот гол за домаќините го постигна Муриљо.
Ипсвич Таун направи изненадување со триумф од 1-2 над Тотенхем на „Вајт Харт Лејн“. Сами Шмодикс и Лиам Делап постигнаа голови за гостите во првото полувреме, а Бентанкур намали за Тотенхем во вториот дел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)













