
Манчестер Јунајтед планира голем тимски ремонт оваа зима. Првата полусезона беше многу разочарувачка за избраниците на Ерик тен Хаг, кои се седмопласирани на табелата во Премиер – лигата, а веќе се простија од континенталниот фудбал откако завршија на последното место во групната фаза од Лигата на шампионите.
Сопственичката структура на клубот неодамна делумно се промени. Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф купи 25 отсто од акциите преку фондот INEOS во кој има контролен пакет акции, но одобрувањето од Премиер – лигата сѐ уште се чека и Јунајтед нема да добие значителна финансиска инјекција веќе во овој преоден рок.
За да донесат нови играчи, прво ќе треба да ги продадат оние кои Тен Хаг, директорот Патрик Стјуарт и спортскиот директор Џон Муртоу ги прецртале или кои едноставно сакаат да си заминат.
Британските медиуми пишуваат дека има дури десет играчи.
Бразилскиот играч за врска Кашемиро би можел да ја искористи можноста да замине во Саудиска Арабија каде би заработил многукратно повеќе пари. Крилниот напаѓач Џејдон Санчо е отстранет од тимот поради јавно критикување на Тен Хаг и се очекува да биде продаден или позајмен пред конечната продажба на лето.
На трансфер – листата се и Амад Дијало и Ханимбал Мејбри, а на лето им истекува договорот на четворица играчи, но веќе сега би можеле да го напуштат „Олд Трафорд“. Станува збор за Ентони Марсијал, Арон Ван-Бисака, Џони Еванс и Том Хитон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
