Connect with us

Манчестер Јунајтед посилен за Рашфорд во финишот на сезоната

Голгетерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, се врати на тренинзите со останатите соиграчи пред гостувањето кај Борнмут в сабота. Англискиот репрезентативец, кој има 29 гола оваа сезона, ја пропушти победата од 2-0 над Вулверхемптон, но сега се чини дека ќе му биде на располагање на Ерик тен Хаг за последните три кола во Премиер – лигата во кои „црвените ѓаволи“ мора да го потврдат пласманот во Лигата на шампионите следната сезона, како и за финалето на ФА Купот против Манчестер Сити.


Блиску до враќање на теренот е и играчот од средниот ред Скот Мектоминај, кој нема играно од 8 април.

Марсел Сабицер, Лисандро Мартинез и Дони ван де Бек се во аут до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови