Connect with us

Манчестер Јунајтед понуди 60 милиони евра за Антоан Гризман

Челниците на Манчестер Јунајтед му понудиле 60 милиони евра на Атлетико Мадрид за францускиот репрезентативец Антоан Гризман, пренесуваат британските медиуми.

Гризман блесна во Реал Сосиедад, а потоа играше за Атлетико од 2014 до 2019 година. Потоа се пресели во Барселона, која минатата година го испрати на позајмица во Атлетико Мадрид.

Клубот од Мадрид и Барселона пред неколку месеци се договорија Каталонците да добијат 20 милиони евра отштета за францускиот фудбалер, кој потпиша договор до 30 јуни 2026 година.

Гризман блесна на Мундијалот во Катар на позицијата офанзивен играч за врска која досега не му беше карактеристична. Франција во финалето беше поразена од Аргентина по изведување на пенали.

Ерик тен Хаг очигледно смета дека Гризман во новата улога би можел да му помогне на неговиот тим да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, што е главната цел оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови