Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок повторно си постави приоритрет да доведе нов квалитетен дефанзивец. Откако Баерн Минхен го договори ангажманот на Дајот Упамекано, менаџерот Оле Гунар Солскјер се фокусира кон одбранбениот фудбалер на Севилја, Жул Кунде.
Францускиот интернационалец игра одлично во дресот на Севилја и Манчестер Јунајтед би сакал да го има во тандем со Хери Мегваер. Откупната клаузула на Жул Кунде изнесува 82 милиони евра, а тој има договор до 2024 година.
Манчестер Јунајтед засега нуди 50 милиони евра и чека Севилја да се изјасни околу евентуален трансфер по завршувањето на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













