Манчестер Јунајтед ја отфрлил шансата да го назначи Грем Потер за нов менаџер поради недостатокот на искуство во Лигата на шампионите, тврдат медиумите на Островот. Токму поради тоа предност добил Ерик тен Хаг. Сепак, тоа не му сметаше на Челси да му даде доверба на довчерашниот менаџер на Брајтон.
„Црвените ѓаволи“ бараа нов менаџер откако Оле Гунар Солскјер беше отпуштен во ноември минатата година, а Ралф Рангник ја презеде улогата на привременен стратег пред Ерик тен Хаг да биде назначен за нов менаџер на клубот во април.
Новиот менаџер на Челси, Греам Потер се нашол на потесниот круг на можни нови менаџери, но според британските медиуми, тој бил одбиен поради недостаток на искуство во Европа и покрај тоа што Тен Хаг никогаш претходно не работел во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













