
Манчестер јунајтед е подготвен да му понуди огромна плата на дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае за да го убеди да се пресели на „Олд Трафорд“. Кореецот ги импресионираше сите со своите игри во текот на сезоната и даде огромен придонес за титулата во Италија.
Интересот за него е огромен, но „црвените ѓаволи“ се обидуваат да бидат побрзи од конкуренцијата за неговиот потпис и веќе почнале преговори со играчот.
Договорот на дефанзивецот има откупна клаузула вредна 60 милиони фунти, што не е премногу за денешните стандарди. Токму поради тоа тој е толку посакуван на трансфер пазарот, а Ливерпул и Пари Сен Жермен исто така чекаат разврска.
Сепак, според последните информации, Манчестер Јунајтед веќе имал состанок со претставниците на Ким, при што е потенцирано дека тие се подготвени да му понудат на дефанзивецот колосална плата доколку се согласи да потпише за клубот. Се тврди дека ќе биде блиску до платата што ја добиваат врвните напаѓачи во Премиер – лигата. Покрај тоа, Англичаните му ветија речиси загарантирано стартно место на 26-годишниот играч. Се очекува клубот да се раздели со Хари Мегваер за да направи простор за Кореецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
