Connect with us

Манчестер Јунајтед купува дефанзивец на Феенорд

Манчестер Јунајтед во последен момент се вклучи во борбата за потписот на Тајрел Маласија, призна Феенорд. Левиот бек на холандскиот клуб има устмен договор со Лион, но предлогот на „црвените ѓаволи“ ја промени ситуацијата.


Во последен момент, англискиот премиерлигаш се вмеша во трката и голема е веројатноста да ја добие битката за потписот на Холанѓанецот. Директорот на Феенорд Франк Арнесен откри дека клубот ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед која е вредна 13 милиони фунти и сега се чека одлуката на играчот.

Агентите на Маласија се истите оние кои го претставуваат Френки де Јонг, кој исто така се соочува со трансфер од Барселона во редовите на „црвените ѓаволи“. 22-годишниот Тајрел Маласија има 98 натпревари и четири гола за Феенорд.

За репрезентацијата на Холандија има пет натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови