
Сопствениците на Манчестер Јунајтед мора да платат голема отштета на Ерик Тен Хаг доколку решат предвреме да го раскинат договорот со Холанѓанецот по лошиот почеток на сезонатa. Договорот на поранешниот тренер на Ајакс е до летото 2025 година и заработува околу 9 милиони фунти годишно. Тоа значи дека доколку биде ослободен ќе треба да добие околу 15 милиони фунти.
Јунајтед со тоа ќе го израмни рекордот за најголемо обештетување за отпуштен менаџер. Него го држи Жозе Мурињо, кој беше отпуштен во декември 2018 година и доби точно 15 милиони фунти.
Од заминувањето на Сер Алекс Фергусон, клубот плати вкупно 38 милиони фунти обештетување на своите отпуштени тренери. На Луј ван Гал му биле исплатени 8,4 милиони, 7,5 милиони добил Оле Гунар Солскјер, а 7 милиони фунти Дејвид Мојс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal