Connect with us

Манчестер Јунајтед ќе отпушти уште 200 вработени

Манчестер Јунајтед официјално објави дека може да спроведе уште 150 до 200 отпуштања како дел од преструктурирањето на клубот и мерките за подобрување на неговата финансиска одржливост.

Од „Олд Трафорд“ уверуваат дека крајната цел е повторно да се оствари профит по пет последователни години на загуби. Ова треба да создаде посилна финансиска основа, која ќе му овозможи на клубот да инвестира повеќе во машкиот и женскиот тим на Манчестер Јунајтед, како и во подобрување на инфраструктурата.

Во официјалното соопштение се нагласува дека планираните отпуштања биле договорени по консултации со вработените. Минатата година клубот веќе отпушти 250 луѓе.

Политиката на намалување на трошоците беше иницирана по влегувањето на Сер Џим Ретклиф во клубот. Првиот човек на „Инеос“ отиде дури дотаму што го ослободи легендарниот Сер Алекс Фергусон од неговата платена функција како амбасадор на клубот. Покрај тоа, Ретклиф ја укина политиката на бесплатни патувања и присуство на вработените на финалните натпревари на Јунајтед.

„Имаме одговорност да го поставиме Манчестер Јунајтед во најсилна позиција за успех на нашите машки, женски и младински тимови. Преземаме широк спектар на мерки кои ќе го трансформираат и модернизираат клубот. За жал, тоа значи и најавување на нови потенцијални отпуштања, за што искрено жалиме. Сепак, овие тешки одлуки се неопходни за да го вратиме клубот на стабилна финансиска основа. Имавме загуби во последните пет години, а тоа не може да продолжи. Нашите два главни приоритета се успехот на теренот за нашите навивачи и подобрување на нашите капацитети. Не можеме да инвестираме во тие цели ако постојано губиме пари.

На крајот на овој процес, ќе имаме пофлексибилен и финансиски одржлив клуб, додека и понатаму ќе нудиме услуги од светска класа на нашите вредни комерцијални партнери. Тоа ќе ни овозможи многу посилна позиција за инвестиции во спортски успеси и подобрени капацитети за навивачите, додека истовремено ги почитуваме регулативите на УЕФА и Премиер – лигата,“ изјави извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови