
По долга суспензија, Мејсон Гринвуд конечно се врати на терените како позајмен играч во дресот на Хетафе. Манчестер Јунајтед сака целосно да се ослободи од него и ја одреди цената за негова продажба.
Претходно оваа година, обвинувањата за сексуална злоупотреба против Мејсон Гринвуд беа отфрлени и фудбалерот можеше да ја продолжи кариерата.
Хетафе летово реши да го позајми од Манчестер Јунајтед, но Англичанецот нема да се врати на „Олд Трафорд“ на лето.
Гринвуд имаше перфектен старт на Ла Лига, постигнувајќи гол и асистенција во првите пет натпревари за шпанската страна.
Сепак, Манчестер Јунајтед не сака ни да слушне за негово враќање во првиот тим и е подготвен да го продаде следното лето.
Челниците на „црвените ѓаволи“ на крајот од оваа сезона ќе го стават Мејсон Гринвуд на трансфер листа. Покрај тоа, Англичаните ја одредиле цената на напаѓачот и се подготвени да прифатат понуда до 25 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal