Connect with us

Манчестер Јунајтед и Јувентус сакаат трофеј во Лига Европа, а Севилја е „мајсторот“ како тоа се прави

Лига Европа се враќа вечерва со првите натпревари од четвртфиналето на турнирот. Воведот е 18.45 со мечот меѓу Феенорд и Рома во Ротердам. Тоа е реприза на минатогодишното финале на Конференциската лига, кога „волчицата“ триумфираше со победата од 1-0 во Тирана. Сега Холанѓаните ќе се обидат да се реваншираат и да го елиминираат овој ривал, а мораат да го направат првиот чекор денеска на домашен терен.


Еден од големите фаворити за освојување на турнирот, тимот на Манчестер Јунајтед го пречекува рекордерот на трофеи во ова натпреварување, составот на Севилја.

„Црвените ѓаволи“ веќе елиминираа два шпански клуба, Барселона и Бетис, но сега нема да можат да се потпрат на својот најдобар стрелец Маркус Рашфорд, кој е повреден. Андалузијците оваа сезона се претставија многу разочарувачки во Примера, но Лига Европа им е омилено натпреварување и тие покажуваат подобра игра под водство на новиот тренер Хозе Луис Мендилибар.

Уште еден од претендентите за трофејот, тимот на Јувентус, го пречекува Спортинг Лисабон во Торино. За „бјанконерите“ е многу важно да триумфираат во ова натпреварување, бидејќи со тоа ќе се квалификуваат за следното издание на Лигата на шампионите. Тие делуваат како фаворити во оваа пресметка, но во никој случај не треба да се потценат „лавовите“ од Лисабон, кои во претходното коло приредија големо изненадување исфрлајќи го Арсенал од трката.

Баер Леверкузен ќе игра против Ројал Унион на „Бај Арена“. „Фармацевтите“ се во одлична форма и можат да се пофалат со шест последовни победи во сите натпреварувања, но мора да внимаваат на Белгијците, кои прво завршија пред Унион Берлин во групната фаза, а потоа успеаја и да ги исфрлат во осминафиналето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови