Британскиот милионер Џим Ретклиф и катарскиот шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани се борат да станат нови сопственици на Манчестер Јунајтед, кој семејството Глејзер го продава по 18 години, но сѐ уште не одлучиле дали ќе го направат тоа целосно или делумно.
Кој и да го преземе славниот англиски клуб, би можел да го доведе напаѓачот на Бенфика, Гонкал Рамос, откриваат медиумите на Островот и додаваат дека Јунајтед е подготвен да му плати на Португалецот повеќе од 100 милиони евра со бонуси и со тоа да постави рекорд.
За потсетување, сега Пол Погба е најскапиот играч на клубот, откако на Јувентус му беа исплатени 105 милиони евра.
Менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг, планира бројни промени во тимот. Со оглед дека Антони Марсијал не е во форма, Ваут Вегорст ќе си замине, а Маркус Рашфорд сака да игра на крилната позиција, Тен Хаг го сака и капитенот на Тотенхем, Хари Кејн.
Рамос оваа сезона постигна 25 гола и додаде 11 асистенции за Бенфика со која има договор до летото 2026 година. На Светското првенство во Катар тој го замени Кристијано Роналдо во стартниот тим против Швајцарија во осминафиналето и постигна хет-трик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













