Манчестер Јунајтед сака да ја назначи клупската легенда Едвин ван дер Сар за директор за фудбалски операции во клубот, пренесуваат медиумите на Островот. Според информациите, минатата недела „црвените ѓаволи“ веќе контактирале со Ван дер Сар кој е спортски директор на Ајакс.
Англискиот гигант почнаа ново поглавје во својот развој оваа сезона, со многу таленти од холандскиот клуб, откако веќе ги доведоа менаџерот Ерик тен Хаг, крилниот напаѓач Антони и централниот бек Лисандро Мартинез. Сега Манчестер Јунајтед го сака и Ван дер Сар, кој беше составен дел од успесите на Ајакс во последните години како нивен директор. Но, тој е и клупска легенда на Манчестер Јунајтед.
Ван дер Сар би сакал да го повтори успехот со Ајакс и во Премиер – лигата. Сепак, нема да биде лесно за Манчестер Јунајтед да го доведе Холанѓанецот, со оглед дека тој минатиот месец го продолжи договорот со Ајакс до 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













