Раководството на Манчестер Јунајтед е подготвено да го продаде напаѓачот Маркус Рашфорд ова лето. Според медиумите на Островот, главната причина за ова е раздор во односите меѓу фудбалерот и менаџерот Ерик тен Хаг.
Клупските шефови веќе ја донеле одлуката да продолжат со Холанѓанецот, па така оној кој ќе си замине е Рашфорд.
Клубот бара околу 80 милиони фунти за својот млад играч, но реално може да прифати и понуда од околу 60 милиони, бидејќи формата на Рашфорд минатата сезона драстично опадна, поради што тој не беше повикан и во националниот тим за ЕВРО 2024.
Напаѓачот треба да ги обнови тренинзите во базата на Манчестер Јунајтед следниот понеделник. Веќе на почетокот најверојатно ќе има разговор меѓу него и Тен Хаг, но засега, неговата иднина не делува дека ќе биде на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













