Во Манчестер Јунајтед нема да бараат голема отштета за напаѓачот Маркус Рашфорд. Според медиумите на Островот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да го продадат 27-годишниот играч за околу 40 милиони фунти уште во зимскиот трансфер-период.
Формата на Рашфорд во изминатата година не е на високо ниво, а на „Олд Трафорд“ се загрижени и за неговото однесување надвор од теренот. Тој има само четири гола во Премиер – лигата оваа сезона, иако во последно време малку се подобри, со три гола постигнати под водство на новиот тренер Рубен Аморим.
Една од причините за релативно ниската цена на Рашфорд е неговата висока плата (околу 325 000 фунти неделно). Со ослободување од таа обврска, клубот ќе ја олесни својата сложена финансиска состојба.
Дополнително, Аморим би имал посериозен буџет за летните трансфери. Сепак, во Манчестер Јунајтед се сомневаат дека ќе успеат да го продадат Рашфорд уште во зима.
Играчот има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2028 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













