Манчестер Јунајтед е победник на ФА купот на Англија откако на „Вембли“ го победи градскиот ривал Манчестер Сити со 2-1. На чудесен начин, тимот на Ерик Тен Хаг, сепак, успеа да освои трофеј во оваа очајна сезона за нив, а Сити остана без двојна круна. Тоа е 13. пехар во ФА купот за „црвените ѓаволи“.
Двајца тинејџери беа талични за Манчестер Јунајтед. Алехандро Гарначо во 30.минута ја искористи огромната грешка на Јошко Гвардиол и на голманот Стефан Ортега, доби подарок, топка пред празната мрежа и ја уфрли на вистинското место.
Во 39.минута, Манчестер Јунајтед изведе одлична акција, која на крајот во втор гол ја претвори Коби Маину.
На почетокот на вториот дел Ерлинг Халанд ја погоди стативата, а како што одминуваше времето Јунајтед се бранеше сѐ подобро.
Жереми Доку во 87.минута даде мала надеж за „граѓаните“ откако постигна гол, но, сепак, Сити не успеа да стигне до израмнување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













