Манчестер Јунајтед се обидува да се засили на сите можни начини, а следна цел е Матијс де Лихт. Холанѓанецот не ги оправда очекувањата на Баерн Минхен, кој е подготвен да го продаде во случај на понуда од 50 милиони евра.
Баерн го донесе Де Лихт од Јувентус во летото 2022 година за 67 милиони евра и Германците се свесни дека не можат да ја вратат инвестицијата, но можат најголемиот дел од парите.
Де Лихт не е во преден план ниту кај селекторот Роналд Куман на ЕП, што дефинитивно влијае на неговата пазарна вредност и затоа Баерн е подготвен да прифати понуда од 50 милиони евра, плус дополнителни бонуси.
Манчестер Јунајтед му подготви договор до летото 2029 година и улога на стандарден првотимец, на местото на Рафаел Варан, кој го напушти клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













