
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го одредил Ерик Тен Хаг за наследник на Ралф Рангник. Во изборот помогнал и сегашниот стратег и смета дека тој може со успех да ги предводи „црвените ѓаволи“. Во претходните два месеци биле направени детални анализи, а Ерик Тен Хаг ја добил „битката“ со Маурисио Покетино. Тренерот на Пари Сен Жермен исто така се споменуваше како сериозен кандидат за клупата на тимот од „Олд Трафорд“.
Во игра беа и Брендан Роџерс и Ралф Хазенхатл, но, сепак, останаа во втор план. Томас Тухел, сепак, веднаш одби да биде во оваа група.
Манчестер Јунајтед сакаше што побрзо да одлучи и да се фокусира кон преговори. Тен Хејг има договор со Ајакс до 2023 година и „ѓаволите“ најверојатно ќе му платат одредено обештетување на клубот од Амстердам за да го добијат тренерот кој пет години е на клупата на „копјаниците“.
Претходно, 52-годишниот стручњак работеше неколку сезони во Утрехт, како и во Го Ахед Иглс на почетокот на кариерата.
Тен Хаг замина од Холандија во Германија, го предводеше вториот тим на Баерн Минхен и стекна искуство со Пеп Гвардиола, пред да се врати во Утрехт. Со Ајакс освои две двојни круни и играше полуфинале во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
