Connect with us

Манчестер Јунајтед го договори трансферот на Лисандро Мартинез од Ајакс

Манчестер Јунајтед и Ајакс постигнаа договор за трансферот на Лисандро Мартинез на „Олд Трафорд“. Раководството на „црвените ѓаволи“ ќе плати 42,5 милиони фунти, плус бонуси за Аргентинецот, со што вкупната сума ќе достигне 46 милиони фунти.


Холандскиот клуб веќе најде замена за Мартинез. Тоа ќе биде дефанзивецот на Шахтјор Доњецк, Микола Матвиенко.


Интерес за Лисандро имаше и Арсенал, но негова изразена желба беше повторно да соработува со Ерик тен Хаг. Тој ќе стане второто ново засилување на 20-кратниот шампион на Англија ова лето по Тајрел Маласија. Наскоро се очекува клубот да го потврди и договорот на Кристијан Ериксен од Брентфорд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови