Connect with us

Мамиќ: Бог гледа се, вечерва слави Динамо, славете сите!

По сензационалниот триумф на Динамо Загреб (3-0) против Тотенхем и пласманот во четвртфиналето на Лигата на Европа се јави и Здравко Мамиќ. Тој се уште е сивата еминенција на хрватскиот клуб иако пребегна во БиХ за да не отслужува затворска казна во Хрватска, токму поради малверзации во Динамо.


„Плачам од среќа вечерва, а со мене плачат сите кои го сакаат спортот ширум Хрватска, Европа и светот. Вечерва еден јуначки тим, еден јуначки стручен штаб, една јуначка организација која е без конкуренција во Хрватска, им покажа на Европа и на светот од што сме направени. Бог се знае, бог се гледа, а вечерва Бог го награди секој човек кој го сака Динамо, секој вработен, секој играч и секоја личност која вградила и најмал дел од себе во овој успех и покрај сите што не напаѓаат, саботираа и сакаа да не уништат. Вечерва слави Динамо, славете сите!“, порача Здравко Мамиќ.

Ako sam osobno i svi ljudi u Dinamovoj organizaciji morao proći ovu kalvariju da bi svi koji vole Dinamo ovo doživili u…

Posted by Zdravko Mamić on Thursday, March 18, 2021

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови